EPA-EFE/ANDY RAIN

Норвежанецот Каспер Руд го заврши настапот во четврт-финалето на АТП-турнирот во Сеул. Вториот тенисер во светот претрпи шокантна елиминација од Јапонецот Јошихито Нишиока (2:6, 6:3, 2:6).

Овој изненадувачки пораз ќе го оддалечи вицешампионот на САД опен и на Ролан Гарос од врвот на АТП-листата. Поради овој пораз, тенисерот од Осло од понеделник ќе му ја препушти втората позиција на Рафаел Надал.

Тоа значи дека за првпат по 2000 година двајцата најдоброрангирани тенисери во светот ќе бидат од иста земја, Карлос Алкараз и Рафаел Надал. Пред 22 години, тоа им се случи на Американците Андре Агаси и Пит Сампрас.