Ромеро главен во одбраната

57

Аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Аталанта, Кристијан Ромеро, во следните неколку сезони ќе го носи дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Благодарение на своршената сезона во Серија А централниот дефанзивец го привлече вниманието на европските гиганти, но само раководните лица на Тотенхем беа подготвени да го прифатат побараното обештетување од 50 мил. евра.