Рома тврди дека Ругани е нејзин играч

93

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани може да ја продолжи кариерата во Рома, пренесува „Скај спорт Италија“.

Клубовите сè уште не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето. Римјаните имаат намера да го позајмат 25-годишен играч со право на откуп за 25 милиони евра, додека од Јувентус инсистираат на целосен трансфер.

Јувентус исто така го понуди Ругани на Барселона, но Каталонците одбија да го вклучат 19-годишниот дефанзивец Хуан Миранда во договорот, па трансферот пропадна.

Минатата сезона, Ругани одигра 20 натпревари за Јувентус и постигна два гола. Порталот „трансфермаркт.де“ го проценува дефанзивецот на 22 милиони евра.