Вимблдон направи скандал во светскиот тенис со одлуката да им забрани учество на руските и на белоруските спортисти, а последиците од тоа ќе бидат катастрофални. На светскиот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, ќе му бидат одземени 2.000 поени и нема да има можност да ги брани, а полошо ќе помине Федерер. Тој ќе биде избришан од АТП-листата по Вимблдон!

Легендарниот швајцарски тенисер во последните неколку години игра многу малку бидејќи се мачи со повреди, а евентуалниот настап на годинашниот Вимблдон не би му помогнал да остане на листата. Човекот кој најави враќање на теренот само за Базел, кој ќе се игра наесен, ќе има нула бодови кога АТП ќе ги отстрани од минатогодишниот Вимблдон.

Тоа ќе биде голем удар за Швајцарецот бидејќи неговите 1.030 поени ќе исчезнат. Човекот кој сонува барем еднаш во кариерата да игра на престижниот турнир во Лондон, неговиот омилен грен-слем, ќе остане без бодови кога ќе се случи тоа.

Вимблдон, секако, би му дал посебна покана за учество, но враќањето на АТП-листата би било многу тешко за човек кој на почетокот од август ќе го прослави својот 41. роденден. Ќе мора да се мачи во првото коло на турнирот против тенисери од самиот врв на светот, а имајќи ја предвид паузата што ја направи, тогаш нема да биде фаворит. Федерер го одигра последниот меч на Вимблдон минатата година, кога во четврт-финалето беше поразен од Хуберт Хурках.