Родителите ќе се крстат на ланските цени за да опремат првооделенец

177

Според пресметка на родителите, околу 100 евра ќе им бидат потребни за купување облека и училиштен прибор за да ги подготват првооделенците за тргнување на училиште. Во книжарниците низ градот веќе има заинтересирани родители кои купуваат тетратки, ранци, прибор за своите деца. Од книжарниците потенцираат дека родителите веќе почнале да се инстересираат за купување на училишниот прибор на своите деца, но очекуваат побарувачката да биде сè поголема од средината на месецовм кога полека ќе почнат да се враќаат од годишните одмори

 

Според пресметка на родителите, околу 100 евра ќе им бидат потребни за купување облека и училиштен прибор за да ги подготват првооделенците за тргнување на училиште. Во книжарниците низ градот веќе има заинтересирани родители кои купуваат тетратки, ранци, прибор за своите деца.

Велат дека 100 евра е најскапата варијанта, а најевтината е околу 2 илјади денари и е иста како и лани, бидејќи од книжарниците велат дека нема разлики во цените од минатата година, буквално се речиси идентични, освен во книжарницата „Тримакс“, која се наоѓа на автобуската станица на Рекорд, во центарот на градот, од каде што посочуваат дека се зголемени цените само на тетратките.

А што сè треба да се наполни ранецот на еден ученик? На пример, во книжарницата „Просветно дело“, најевтините ранци чинат 1.100 денари бидејќи се останати од лани, а најскапите – околу 3.000 денари. Но, освен ранец, треба да се купи и молив (обичниот чини 10 денари, додека оној со гума е од 12 до 15 денари). Во оваа книжарница, пенкалата се од 10 до 30 денари, тетратките се продаваат по цена 25 до 35 денари, а блоковите – од 20 до 50 денари, во зависност од големината. Водните боички се од 90 до 150 денари, темперните – 200 денари, а фломастери има и за 44 денари, но и за 80, додека најскапите се 200 денари.

Триаголниците во оваа книжарница се по цена од 80 денари, додека линијарите – од 15 до 35 денари. Шестарите се по цена од 100 до 120 денари, додека палетата за мешање бои е 30 денари. Гумата чини од 15 до 20 денари, острилката е до 30 до 35 денари, а кутиите или несесерите каде што ученикот ќе може да си ги стави моливите, гумите и пенкалата чинат од 60 до 70 денари празни, но има и полни, кои чинат од 280 до 350 денари, во зависност од моделот, додека најскапите се од 590 денари. Во оваа книжарница, во моментов, летните попусти се од 15 до 50 проценти.

Во книжарницата „Тримакс“, пак, може да се најдат ранци од 900 до 3.750 денари. Овде моливите, исто така, се по 10 денари, но има и од 70, а има пенкала од 10, 25, па и од 75 денари. Цената на блоковите е од 30 до 45 денари, водните бои се од 45 до 165 денари, темперните бои се движат од 155 денари, па нагоре, линијарите се од 20 до 30 денари, додека триаголник со агломер е од 70 до 85 денари.

Лепилото е од 30 денари, па нагоре, сет четки за боење чини од 80 до 105 денари, гумите се од 10 денари, па нагоре, шестарот е од 70 до 95 денари, додека кутијата или несесерот каде што ученикот ќе си ги стави моливите, пенкалата, гумите, и тоа празен, чини 215 денари, а има и од 510 денари. Полниот е од 490 до 670 денари. Пластелинот е од 45 до 120 денари, а фломастерите се од 65 до 290 денари.

Од книжарниците потенцираат дека родителите веќе почнале да се инстересираат за купување на училишниот прибор на своите деца, но очекуваат побарувачката да биде сè поголема од средината на месецов, кога полека ќе почнат да се враќаат од годишните одмори. Изборот е нивни, секој си знае според длабичината на џебот. Среќа е што од сето ова се изземени давачките за учебниците, кои децата ги добиваат бесплатно во училиштата.

(А.П.)