По прогласувањето на победниците, зад сцената се изнаслушавме еден куп секакви озборувачки коментари, од оној тип „здодевен е веќе тој Самарџиев, што не му се забрани да учествува“….Но, сите тие можат да се сведат само под едно: Како резултат на завист и болната љубомора!

На долгокосиот Ристо Самарџиев (со оглед на тоа дека ја смени фризурата) не му е првпат да победи на „Макфестовскиот фестивал“, победуваше тој и порано, а неговиот најголем „макфестовски“ хит сепак ќе остане онаа песна што се вика „Чили вили“. Според оваа песна на Ристе му остана и тој симпатичен прекар.
Но, Самарџиев кој во меѓувреме израснал и станал ете, воедно и Уредник во ТВ Сител, сега е и композитор на овогодишната победничка песна на 36. издание на Штипскиот фестивал, која добро ја испеа исто така штипјанецот Александар Тодоровски. Рака на срце, по прогласувањето на победниците, зад сцената се изнаслушавме еден куп секакви озборувачки коментари, од оној тип, „здодевен е веќе, што не му се забрани да учествува“….Сите тие можат да се сведат само под едно: Како резултат на болната љубомора! Ѓаволска!

Факт е дека Самарџиев знае да направи хит, а тоа е нешто според што се памти „Макфестовскиот“ фестивал. Затоа, малиот Александар нека не се секира поради разно разни озборувања упатени на адресата на неговиот композитор….              Песната која тој ја испеа „Под исто небо“ ги има сите хитовски елементи, особено во рефренот, па токму затоа сме и сосема согласни со еден наш колега новинар кој вели дека „Песната е топ, браво брат, одлична е твојата интерпретација, на „Макфест“ секогаш победувале најпевливите песни“.
А, ние, познавајќи го Самарџиев долги години, слободно би кажале дека без разлика на тоа што ваквите коментари не допираат до него, тој и онака е тип кој не влегува во конфликти, особено не ваквите кои „не пијат вода“.
Текст-фото: Дуле Миќиќ