Ринго Стар позитивен на корона, ги откажува концертите во Северна Америка

43
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Поранешниот тапанар на Битлси, Ринго Стар, ги откажа концертите во Северна Америка откако испадна позитивен на тестот за Ковид-19, потврди неговиот претставник за печат.

Вчера Ринго Стар (82) ги откажа настапите во Мичиген и Минесота во САД, а неговиот портпарол најави дека поради болест ќе бидат откажани и пет концерти во Канада.

Остатокот од турнејата зависи од закрепнувањето на Стар.

„Ринго се надева дека ќе продолжи со настапите во живо што е можно поскоро, а во меѓувреме се опоравува дома. Како и секогаш, тој и неговиот бенд „Ол старс“ им испраќаат на своите фанови желби за мир и љубов и се надеваат дека што поскоро ќе се случи турнејата“, се вели во соопштението.

Битлси ги сочинуваа Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

Ленон беше убиен во 1980 година, а Харисон почина во 2001 година.

Макартни и Стар се уште се музички активни.