Рибери во „виолетов“ дрес

73

Легендарниот репрезентативец на Франција, Франк Рибери, и официјално е нов фудбалер на италијанскиот калчолигаш Фиорентина.

Крилниот напаѓач од 1. јули има статус на слободен играч, а во минатото го носеше дресот на Галатсарај, Олимпик од Марсеј и Баерн (М).

Како што информираат италијанските медиуми, Рибери ја прифатил понудата на „вилолетовите“ кои му понудиле 2-годишен договор и годишна плата од 4 мил. евра.