Рефлектирачи столпчиња на „Свети Кирил и Методиј“ и платоа за смирување на „Коце Металец“

421

Поставени се рефлектирачки заштитни столпчиња по целата должина на улицата „Свети Кирил и Методиј“.

Како што информираат од Градот, овие рефлектирачки столпчиња овозможуваат подобра видливост и ја зголемуваат безбедноста на велосипедистите.

Освен тоа, за зголемување на безбедноста во сообраќајот, екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ деновиве поставија и платоа за смирување на сообраќајот на улицата „Коце Металец“, во населбата Железара.