Република Српска забрани увоз на еден тон месни производи од Македонија и Хрватска

136

Фитосанитарната инспекција на Република Српска забранила увоз на еден тон месни производи од Македонија и од Хрватска бидејќи не ги задоволувале пропишаните критериуми за квалитет, објавил Инспекторатот.

„Во последниот месец Инспекторатот на Република Српска, по редовна контрола, го забрани увозот на три пратки на месни производи“, пишува во соопштението од Инспекторатот.

Инспекторатот објаснува дека кај трите пратки со чадено пилешко филе од Македонија и салами увезени од Хрватска, по анализата било утврдено дека содржат помалку протеини отколку што било пропишано.

Анализираните месни продукти не ги задоволувале пропишаните услови и инспекцијата ги забранила, заштитувајќи ги правата на потрошувачите и домашниот пазар.

Инспекторатот уште најавил дека ќе ја засили контролата и микробиолошкото испитување на примероци на месни продукти.