Македонската фудбалска репрезентација во полна пареа ги обавува подготовките за претстојните два евроквалификациски натпревари против Австрија и Израел.

Македонија на 16. ноември и гостува на Австрија, додека три дена подоцна ќе го пречека Израел, во рамки на последните два квалификациски натпревари. Овие мечеви немаат никакво резултатско значење за нашите сениори, бидејќи шансата за пласман на континенталниот собир ќе се бара преку Лигата на Нации.

ФОТО: Петр Стојановски