Реновирани градинките “Фидани” и “Снежана” во Чаир

205

Се пуштија во употреба реновираните и модернизирани училници во детските градинки “Фидани” и “Снежана” во општина Чаир од каде информираат дека во фокус им е постојано подобрувањето на училишната инфраструктура за поквалитетен едукативно – образовен.

– Овој пат се оствари соработка со компанијата Аџи Аџачкакан и бизнисменот Шерафедин Ибиши за модернизирање на две училници на детската градинка “Фидани” кои ги пуштивме во употреба заедно со поранешниот градоначалник на општина Чаир Изет Меџити, директорката на детската градинка Гзиме Бакиу и други претставници на државните институции. Исто така оваа инвестиција ја опфати и детската градинка “Снежана”. Нека им е со среќа на децата овие реновирани простории кои гарантираат топлина и ја стимулираат креативноста – велат од општина Чаир.