Реновирана спортската сала во основното училиште „Владо Тасевски”

104

Спортската сала во основното училиште „Владо Тасевски” во општина Карпош е реновирана. Целосно е реновиран подот, а обновени се и страничните спортски реквизити и кошовите.

– Подот во салата беше во навистина лоша состојба и беа оневозможени тековните спортски активности. Денеска, поставена е нова, гумирана подлога која овозможува поголема сигурност за учениците и наставниот кадар, велат од општина Карпош.

Оттаму информираат дека моментално се работи на реконструкција на тоалети во училиштата „Војдан Чернодрински” и „Аврам Писевски” и оти во финална фаза се и новите сензорни соби за ученици со попреченост во „Лазо Трповски” и „Вера Циривири Трена”.

Дел од санациите по училиштата се одвиваа за време на летниот распуст, а останатите се спроведуваат и во текот на учебната година, за време на викендите или по завршување на наставата.