Рекорден број на оздравени од Ковид-19 регистрирани денеска во Кичево

62

Од појавата на коронавирусот во земјава пред околу 14 месеци, денешниот ден ќе биде забележан како ден со најмногу оздравени од Ковид-19 во Кичево, при што оздравени се 52 пациенти.

Д-р. Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница информира дека во последните десеттина дена состојбата со Ковид-19 во Кичево е се подобра.

– Така денешниот ден ќе биде запаметен по најмногу оздравени пациенти во Кичево, дури 52. Да биде состојбата уште поповолна придонесе и минималниот број на новозаболени, само двајца и без ниту еден починат. Би сакале и наредните денови да имаме слични бројки, рече Балажи.

Тој појаснува дека поради драстичниот скок на оздравени, од денеска како и од последната седмица, бројот на активни случаи забрзано опаѓа и денеска нивната бројка изнесува 159, додека од почетокот на пандемијата од ковид-19 се заболени вкупно 2526 граѓани.

Докторот посочи дека продолжува имунизацијата на населението од оваа општина во Здравствениот дом, како и во вакциналниот пунк во Охрид. Тој истакна дека досега во Кичево се вакцинирани околу 1500 граѓани со тенденција нивниот број секојдневно да се зголемува.

Извор: МИА