Рекорден број на новозаболени во Хрватска, за првпат над 1.000

35

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 1.131 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи денес се искачи на 4.233.

Меѓу нив, 505 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Едно лице почина во клиничката болница во Риека

Во последното деноноќие се излекувани 459 лица, со што вкупниот број на пациенти кои се оздравени изнесува 19.087.

До денеска се тестирани вкупно 385.072 лица во Хрватска, од кои 5.693 во последните 24 часа.