Реконструирана улицата „Белградска“ над Клинички центар

192

Екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираа улицата „Белградска“ над Клинички центар во должина од 180 метри, со што ќе се овозможи полесен пристап до новиот влез на Инфективната клиника и до модуларната болница.

Како што велат градските власти, при реконструкцијата на оваа улица изградена е и нова пешачка патека.

Град Скопје за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот реализираше голем број градежни активности за подобрување на инфраструктурата во и околу Клиничкиот центар.