Редици пред маркетите пред почетокот на 80-часовниот полициски час

672

Скопјани, но и жителите на Тетово, Куманово и Штип повторно ќе бидат во тридневен карантин откако Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести која предложи враќање на полицискиот час од вечерва од 21 часот до понеделник до 5 часот.

На неколку часови пред 80-часовниот полициски час скопјани побрзаа да си ги набават потребните прехранбени намирници и лекови, како и да ги завршат обрските што ги имаат за плаќања во банките и поштите.

Екипа на весникот ВЕЧЕР направи обиколка низ градот и забележа долги редици на граѓани кои уште од сабајле чекаат да влезат во маркети, месарници, банки, пошта и аптеки. Забележливо е дека речиси сите ја почитуваат социјалната дистанца и носат маски. На излозите на обие објекти има ставено известување дека носењето маска е задолжително внатре во просториите, а на влезовите стојат редари кои ги дезифизираат рацете на продавачите кои влегуваат контролирано.

Голема раздвиженост има и по зелените пазари. На Бит пазар и низ Чаир каде што има најмногу регистрирано инфицирани во последниве денови, може да се забележи дека граѓаните се подисциплинирани и носат заштитни маски, но на пазарот во Шуто Оризари сликата е поинаква. Освен ретките посетители кои носат маски, тоа не е случај со продавачите и локалните жители.  

(С.Бл.)