Се почесто младите спортисти добиваат суспензии од своите тимови, па и од федерациите, поради непромислени работи и брутални навреди. Овој пат со таква суспензија се соочи младиот возач во Формула 2, Јури Випс, кој доби воспитна од својот тим Ред Бул.

На интернет се појави видео од возачите на Ред Бул во Формула 2, Лиам Лосон и Јури Випс како играат видео игри.

Самата снимка не е страшна, туку она што го кажа Јуриј Випс, кога навредуваше друг играч нарекувајќи го „Црнчуга“ (нигер).

Потоа, следеше уште едно видео во кое Лијам му подаде на Јури розова капа, која тој одби да ја стави на глава со порака дека розовата боја е „гејска боја“.

Поради овој испад Јуриј Випс е суспендиран на неодредено време, а Ред Бул спроведе истрага.

Инаку, Ред Бул е доминантен оваа сезона во Формула 1, каде двата нивни возачи, Макд Верстапен и Серхио Перез ги заземаат првите две позиции во генералниот пласман. Холанѓанецот со новата победа во Канада дојде до пристојна разлика од 46 бода во однос на својот тимски колега и направи сигурен чекор во борбата за одбрана на титулата.