Регистирани нови 123 заболени со Ковид-19, оздравени 74 лица

68

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Кичево-5, Ресен-5.

Починати се три лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 годиним наведоа од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079.

Направените 1312 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-132, Биотек-131, МАНУ -125, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-7, ГАК-13. Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, информираа од Министерството за здравство.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца. Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19, посочија од Министерството.