Рафаел Надал денеска ќе го каже судбоносното „да“

63

Рафаел Надал (33) денеска ќе се ожени со љубовта од своите тинејџерски денови, девојката Марија Франциска Перел, која шпанските медиуми ја нарекуваат и Чиска. Венчавката ќе се одржи на еден од најскапите имоти во Шпанија.

Се очекува на венчавката да присуствуваат голем број гости од светот на спортот и шоу бизнисот. Кралот на Шпанија Хуан Карлос Први на венчавката ќе слета со хеликоптер. Свадбената церемонија е организирана беспрекорно, а за подготовка на храната е ангажиран еден од најдобрите готвачи кој има Мишелинова ѕвезда.

Рафа и Чиска се забавуваат веќе 14 години, а прекрасната бринета дала отказ на старото работно место во осигурување, за да стане директор во Фондацијата на Рафаел Надал. Позната е по тоа што не се експонира во јавноста и љубоморно го чува приватниот живот со тенисерот.

Голем интерес во јавноста и медиумите предизвика прашањето дали другите два члена на големата светска тениска тројка, Ѓоковиќ и Федерер ќе бидат меѓу 350 гости, но тие сепак не добиле покана.

Инаку, на венчавката ќе присуствуваат Енрике Иглесијас, НБА ѕвездата Пол Гасол, фудбалерот Икер Касилјас…