Шпанскиот тенисер Рафаел Надал сепак нема да учествува на АТРП турнирот во Ротердам, наредната недела. Вториот тенисер во светот се повлече од турнирот заради проблеми со грбот, кој ги имаше и за време на првиот грен слем турнир годинава Австралија опен.

Сопственикот на 20. грен слем титули беше поставен за прв носител, а со неговото повлекување статус на фаворит доби Русинот Данил Медведев. Се очекува Надал да биде подготвен да игра на турнирот од мастерс серијата во Мајами.

Неиграњето на Шпанецот во Холандија му отвори пат на Медведев да стигне до титулата, но и до второто место на АТП листата.

Покрај Медведев во Ротердам ќе настапт уште Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Гаел Монфилс, Денис Шаповалов, Баутиста Агут…