Поранешниот светски тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, по пласманот во четвртфиналето на Вимблдон повторно го спомена тешкиот период и проблемите со повредите кои го мачат во последно време.

Надал во осминафиналето го совлада Холанѓанецот Ботик Ван Де Зандшулп со 3:0, а потоа изјави дека и ова е  голем успех за него на турнирот во Лондон.

-Мислам дека продолжив во вистинската насока до самиот крај, одиграв добро. Ботик е тежок противник, многу се подобри. Му честитам и му посакувам се најдобро. Што се однесува до мене, по сите работи што ми се случија во последните месеци, играњето во четврт-финалето на Вимблдон за мене е фантастичен успех – изјави Рафаел Надал.

За време на претходните два гренд слема, Австралија Опен и Ролан Гарос, Шпанецот ги ставаше повредите и проблемите во преден план, но некако секогаш наоѓаше пат до трофејот.

Рафа досега двапати го има осовено турнирот во Лондон, во 2008 и 2010 година.