Во Тетово вечерва е затворен хотелот ,,НБ” и е растурена свадба, а бил приведен и управителот, јавуваат од Државниот пазарен инспекторат.
Полицијата го привела управителот на ресторанот, поради непочитување на протоколите за забрана за големи собири и веселби.
МВР во текот на утрешниот ден ќе излезе со повеќе детали околу вечерашното затворање на ресторанот во Тетово.