Најмалку осум лица загинаа во терористички напад во населбата Неве Јаков во Ерусалим, соопштија во петокот израелските лекари и полиција.
Во нападот се повредени уште десет лица, а како што пренесуваат медиумите, меѓу нив има и четиринаесетгодишно момче.
Според неофицијални информации, терористичкиот напад се случил во или во близина на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим.
Според полицијата, осомничениот напаѓач бил застрелан, а пред терористичкиот напад чекал пред синагогата да си заминат верниците, по што почнал да пука.
Еден од службениците на синагогата рече дека полицијата доцнела цели 20 мин по повиците, дека не им верувала на јавувачите и мислеле дека бучавата доаѓа од пукотници во воздухот од блиските населби во источен Ерусалим.
BREAKING: At least 8 killed, 10 injured in ‘terror attack’ at a synagogue in Jerusalem.
pic.twitter.com/tiBjPxBVfn— Michael Gogel (@mgogel) January 27, 2023