Рамзи главен во средниот ред

133

Англискиот премиерлигаш Њукасл ќе се обиде до крајот на летниот преоден рок да ги осигура услугите на велшкиот интернационалец од редовите на најтрофејниот калчолигаш Јувентус, Арон Рамзи. Одличниот играч за врска не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има на „Алијанц арена“ и затоа сака да ја промени средината за време на летниот преоден рок. Според челниците на „старата дама“, Рамзи вреди најмалку 20 мил. фунти.