Ракометниот судија Димитар Митревски е именуван за нов директор на ракометната репрезентација на Македонија.

-Сакам да му се заблагодарам на Чакаревски на добрата соработка во изминатиот период. Сепак, сега е време за нови активности. Мој предлог како претседател е да се ангажира директор на репрезентација со договор до крајот на овој европски шампионат. Мој предлог за таа функција е Димитар Митревски, долгогодишен судија кој е добро запознаен со случувањата во нашиот ракомет и во националниот тим – изјави претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов.