Македонската женска ракометна репрезентација со полна пареа се подготвува за настапот на пријателскиот турнир во Анталија, во рамките на ЕХФ неделата.

Селекторот Суиме Симовски повика 23 ракометарки меѓу кои 12 интернационалки. На пријателскиот турнир, кој ќе се одржи од 22. до 25. ноември во Анталија, Турција, а ќе настапат уште сениорската и младинската селекција на Турција, како и репрезентациите на Косово и Италија.

 

Фото: П. Стојановски