Ракета го уништи домот на лидерот на политичкото крило на Хамас во Газа

40

Домот на лидерот на политичкото крило на палестинското движење „Хамас“ во Појасот Газа, Јахја Синвар, е уништен од израелска ракета, јави ТАСС, повикувајќи се на информации на ТВ каналот „Ал Арабија“.

Според каналот, куќата била уништена како резултат на нападот, но не е соопштено каде бил Синвар во време на нападот.

Вчера, израелските воздушни сили го уништија домот на Калил ал-Хаи, заменик-шеф на политичкото биро што е на власт во Појасот Газа, откако беа истрелани неколку ракети врз станбена зграда во областа Ал Туфа во градот Газа. Во операцијата учествувале извиднички и борбени авиони

На 13 мај, израелски авиони го нападнаа домот на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија. За време на нападот, самиот Ханија бил отсутен од зградата.

Израел повеќепати ја појаснуваше својата позиција дека главните цели на ударите во Појасот Газа се водачите на Хамас, како и зградите каде што се складира воена опрема или од кои се извршуваат напади против израелските градови.

Извор: МИА