Размена на искуства со Мириам Клинкенберг, експерт на полето на вода, санитација и промоција на хигиена

53

Во текот на денешниот ден, тимот на Оперативниот центар, меѓународни тренери за промоција на хигиена како и лица со искуство во меѓународни мисии на полето на вода, санитација и промоција на хигиена, одржаа состанок со Мириам Клинкенберг, експерт на полето на вода, санитација и промоција на хигиена.

Како што информираат од Црвениот крст, експертот е ангажиран од страна на УНИЦЕФ за справување со COVID19 и воедно да помогне во подготовка на WASH проценка на училиштата и болниците во Македонија.

-На работниот состанок беа презентирани искуствата и активностите на Црвениот крст на полето на водата, санитацијата и промоцијата на хигиена како и активностите за време на COVID19. За време на дискусијата се разменија мислења и искуства за состојбата на образовните институции, нивото на свест како и можностите за градење на капацитети и зајакнување на заедниците, понатамошни активности и др-соопштија од хуманитарната организација.