Радев: Иднината на НАТО не е сојуз меѓу производители и клиенти

97

Бугарскиот претседател Румен Радев пред лидерите на земјите членки на НАТО посочи дека иднината на Алијанса не ја гледа како сојуз меѓу производители и клиенти, туку како партнери кои заедно ќе ја развиваат својата безбедност, високи технологии, и заедно ќе произведуваат воена опрема, пренесе БТА.

-Предизвикав дебата за една друга линија што не дели, а воошто не се разгледува, а тоа е дека земјите се делат на производители и на клиенти, купувачи, рече шефот на бугарската држава на својот завршен брифинг по самитот на Алијансата во Лондон.

„Тука веќе позициите се сосема поразлични. Доколку си силна, високотехнолошка економија, која произведува воено оружје и  опрема за своите сопствени потреби и за извоз, кога инвестираш во модернизации сите пари заминуваат во твојата економија, кај твоите луѓе, и не подлажат на притисок од социјалниот систем. Но, кога си земја со послаба економија и не го произведуваш тоа оружје, тогаш 100 проценти од расходите што ги даваш за модернизации заминуваат во богатите земји. За нас тоа веќе навистина е товар, затоа што ни го оптоварува социјалниот систем”, коментираше претседателот Радев.

Радев му предложил на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своите дискусии да мисли за формите за многу посилна индустриска соработка и трансфер на технологии кон оние  држави, кои купуваат, како Бугарија.

-Тоа беше и мојот предлог кон претседателот Трамп, посочи Румен Радев, кој зборуваше пред медиумите по своето учество во работниот ручек, на кој американскиот претседател ги покани лидерите на државите на Алијансата, вкупно девет, кои одвојуваат по два отсто од својот БДП за одбраната.

„Мојот предлог беше многу конкретен и јасен – САД да стимулираат и да се обврзат за многу поголема поддршка за земјите кои трошат повеќе од два процента за одбраната – за индустриска соработка и трансфер на технологии”, посочи шефот на бураската држава.