Работилница за преработка на храна во Пехчево

145

Во Пехчево официјално започна со работа работилницата за преработка на храна која се реализира во рамки на проектот „Организациски развој на МРР и развој на одржливи модели за обезбеденост со храна во локалните заедници”.

-Работилницата за преработка на храна, како концепт, претставува кујна која е соодветно опремена и сертифицирана согласно правилниците за преработка и продажба на храна и HACCP стандардитe и служи како заеднички простор во кој сите локални чинители може да закажат термин за приготвување и преработка на своите производи, притоа користејќи ја во целост опремата од работилницата за преработка на производите кои ќе ги набават, истакнаа од Мрежата за рурален развој на РСМ.

Во рамки на активностите од работилницата, како што додадоа, ќе се спроведуваат и различни обуки и настани за подготовка на традиционална храна, што според организаторите ќе придонесе за поголема соработка.

-Со отворањето на оваа работилница за преработка на храна веруваме дека во иднина ќе се зголеми и подобри локалното производство и преработката на свежа храна, ќе се зголеми продажбата, локалната вработеност и позитивното економско влијание и претставува можност за пренесување на знаењата на помладите генерации и за постигнување на поголема инклузија, додадоа организаторите на работилницата.

Проектит „Организациски развој на МРР и развој на одржливи модели за обезбеденост со храна во локалните заедници“ е поддржан од We Effect Europe.