Пуштена во сообраќај новата електролокомотива

105

Железницата на Македонија Транспорт АД-СКОПЈЕ ја информира јавноста дека ја пушти во сообраќај првата од четирите нови електролокомотиви, откако претходно беше извршена контрола пред испорака во НР Кина.

Производител на овие електролокомотиви е CRRC ZhuZhou Locomotives од Жужо, Н Р Кина. Вредноста на една електролокомотива изнесува 2.130.000 евра, а средствата се обезбедени од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Локомотивата ги помина сите тестови и добиен е ТСИ – Сертификат од страна на производителот, како и Дозвола за пуштање во сообраќај од страна на Управата за сигурност во железничкиот сообраќај на РСМ.

Од страна на ЖРСМ Транспорт направени се тестирања според тендерските барања на пругите низ РСМ, со што се утврди дека тестирањата го задоволија тендерското барање да повлече 1.600 тони на 17 промили.

Генералниот Директорот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Орхан Муртезани, за време на престојот во НР Кина, изјави дека согласно договореното предвидено е до средината на месец декември да пристигнат во Скопје и останатите три локомотиви.