Путин нареди зголемување на пензиите и минималните плати за 10 отсто

179
Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди зголемување на пензиите и минималната плата за 10 отсто, со цел да се ублажат последиците од инфлацијата, негирајќи дека сите економски проблеми во земјата се поврзани со војната во Украина.
Со годишна инфлација од близу 18 проценти забележана минатиот месец, лидерот на Кремљ призна дека 2022 година ќе биде „тешка“ за руската економија.
„Кога велам „тешко“, тоа не значи дека сите овие тешкотии се поврзани со специјалната воена операција во Украина“, рече Путин на видео состанокот на Државниот совет, пренесува Ројтерс.
Путин нагласи дека инфлацијата во Русија е споредлива со онаа во земјите од Северна Америка и Европа.
„Ако ја погледнете структурата на нивните економии, нивната инфлација е дури и повисока од нашата“, рече Путин, игнорирајќи го фактот дека зголемената инфлација во западните економии делумно беше директен резултат на рускиот напад врз Украина, кој ги зголеми цените на енергијата и храната околу светот.
Претседателот на Русија, чиј рејтинг скокна за повеќе од 10 поени од почетокот на војната во Украина, на 82%, според анкетата во април на независниот центар Левада, во март вети дека ќе ги намали сиромаштијата и нееднаквоста оваа година и покрај Западните санкции и високата инфлација.