Пукање во Торонто: Една жртва и повеќе ранети

82

Најмалку еден човек е убиен, а повеќемина се ранети во пукање во предградие на Торонто, јави регионалната управа на полицијата од округот Пил, а пренесе Дарикњуз.

Сè уште нема информации за напаѓачот. Полицајците биле повикани во саботата околу 18:30 часот по локално време на крстосницата од улиците „Морнинг Стар Драјв“ и „Дарчел Авенју”. Според локалните медиуми, во пукотницата се слушнале речиси 20 истрели.

Вкупниот број на загинати е неизвесен, наведува регионалната полиција на Пил. Како што информираат на местото на пукањето биле пратени неколку специјални единици, вклучувајќи и тактички екипи.

Според информации на полицајците на терен, двајца тинејџери се сериозно повредени. Тие и маж со лесна контузија се префрлени во болница, додека една жена со повреди опасни по животот е префрлена во трауматолошки центар.

Канада има многу ниско ниво на вооружено насилство, особено во споредба со нејзиниот сосед САД, каде што и натаму има најголем број смртни случаи од огнено оружје по глава на жител во споредба со секоја друга развиена држава во светот. Медиумите јавуваат дека минималниот број на убиени годишно во САД изнесува околу 33.000, вклучувајќи и стотици деца.