Скандалозната книга на поранешната проститутка, Хелен Вуд, која беше одложена за продажба во јавноста на неколку дена, конечно е достапна за сите читатели.

Имено, во неа може да се прочита за тоа како Руни ја изневерил својата сопруга со Хелен, која му ја „подарил“ и платил еден од фудбалерит на Манчестер Јунајтед. Покрај тоа, на нив им се придружила уште една девојка, што воедно е објавено во книгата.

Поранешната проститутка овој пат одлучи да и се извини на Колина, сопругата на фудбалерот.

  • Многу лошо се однесував во таа ситуација. Велев: „Ако сака да биде со нив, тоа е нејзина грешка“. Сега сум малку повозрасна, и поинаку размислувам. Си велам: „Таа е мајка која само сака да биде со фамилијата“. Знаеме како се чувствуваат жените кои се изневерени.