Просечната нето-плата по вработен исплатена во Хрватска во февруари годинава изнесува 7.038 куни (929 евра), што на годишно ниво е реално повеќе за 3,4 проценти, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во споредба со јануари 2021 година, просечната февруарска нето-плата е реално поголема за 0,5 проценти.

Најголемата месечна нето-заработка е исплатена на вработени во фармацевтската индустрија – 18.989 куни (2.507 евра), а најниска од 4.277 куни (приближно 565 евра) на вработени во сегментот за заштита и истражувачка дејност, јави Хина.

Според Заводот за статистика, просечната месечна бруто-плата за февруари изнесувала 9.467 куни (1.250 евра), што е реално за 0,7 проценти повеќе отколку во јануари. Во споредба со февруари 2020 година, просечната бруто-плата по вработен е реално поголема за 1,7 проценти.

Извор: МИА