Промоција: „Реторички лексикон на поими и дефиниции” од Огненовски во КИЦ

108

„Реторички лексикон на поими и дефиниции” е насловот на книгата на Трајко Огненовски, чија промоција ќе се одржи на 26 февруари, со почеток во 19:19 часот, во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје.

Книгата, која е во издание на „Македоника литера“, ќе ја промовираат Димитар Пандев и Сашо Огненовски.

Трајко Огненовски (1939) e универзитетски професор во пензија, доктор на наука од областа на лингвистиката и лексикологијата, како и литературата. Учесник е на голем број конференции и научни собири и средби во Македонија, Германија, Австрија, Бугарија, Турција. Негови дела се: „Народниот хумор и смеата“, „Култура на изразување“, „Светите браќа Кирил и Методиј“, „Св. Наум Охридски“, учебниците „Култура на изразувањето“ и „Македонски јазик“, како и голем број на монографии. Книгата „Реторички лексикон на поими и дефиниции“ е прво лексикиграфско дело од овој вид во неговата научна дејност.