Во мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ во Скопје денеска во 12 часот ќе биде промовирана колор-монографијата насловена „Урбани пејзажи“ од академскиот сликар Павле Кузманоски.

За ова издание ќе говори академик Витомир Митевски.

Промоцијата ќе биде збогатена и со изложба на дваесет и пет слики од авторот работени во изминатите шест децении.