Книгата „Мое виножито“ од Даниела Ангелова – Прнарова вечер, во 18.30 часот, ќе биде промовирана во Бифе Тафталиџе.

Промотор на книгата ќе биде Татјана Гогоска, а извадоци од книгата ќе чита Саша Шотаровски.

Промоцијата ќе оди и во живо на фб страницата на Културноинформативниот центар – Скопје.

На промоцијата, како што е најавено, ќе има дистанца меѓу посетителите и
сите учесници ќе носат заштитни маски.