Во Прилеп денеска Државниот архив ја промовираше Брошурата посветена на нови, досега необјавени документи за Прилеп и Крушево од Илинденскиот период. Во неа се содржани записи од османлискиот период и повеќе илинденски сведоштва.

„Се навраќаме и се сеќаваме на Илинден за да не се заборави судбината на нашите предци, да оживее сеќавањето на стремежот на македонскиот народ за слобода и самостојност и да не згасне факелот на борбата за одржливост на демократските вредности”, изјави директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија, д-р Емил Крстески, по повод објавата на ова историска брошура.
Изборот и преводот на овие документи и редакцијата ги изготвија: д-р Јасмина Дамјановска, м-р Гоце Стојановски, Елена Чагороска и м-р Мустафа Алиоски.