Пролетно косење на тревните површини низ цела Кисела Вода

86

Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ општина Кисела Вода. Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници.

Косењето на тревната вегетација и уредувањето на парковското зеленило денес се одвива во урбаната заедница „11 Октомври – згради“ со фокус на трим патеката, која најмногу се користи од рекреативците. 

Како што информираат од Општина Кисела Вода, се коси во Пржино и Црниче, од вчера и во селото Драчево, додека минатата седмица вакви активности се одвивале и во населбата Драчево.

Пролетната акција за уредување на Кисела Вода продолжува и во наредните денови. Утре ќе се коси во Бирарија и Цветан Димов, а ќе се продолжат ваквите активности и по трим патеката.

-Сите граѓани кои забележале некоја поголема тревна површина која треба да биде уредена или знаат за некој дел кој случајно бил изоставен при досегашните активности, да ги информираат нашите служби, по што ќе може да се интервенира – повикуваат од локалната самоуправа.

Паралелно, се работи и на расчистување на отпадот и новоастанатите мини депонии, за кои повторно од општината апелираат на совесно однесување на граѓаните.

Топлите пролетни денови кои ни претстојат нашите жители ќе можат да ги искористат во природа, за прошетки и рекреација во чиста, уредна и уредена општина. За оваа цел, Општина Кисела Вода интензивно работи, а ќе се преземати дополнителни  активности за  подобрување на услугата од комуналните служби.