Со претчувство кое не беше можно да се испланира, најморничавото искуство од минатата сезона беше прикажано на ревијата на „Кензо“. Уредниците од Милано побрзаа во Париз, како да сме во бегство од пандемијата, и се појавија на ревијата на Фелипе Оливеира Баптиста, каде ги затекна систем од пластични тунели низ кои може да помине човек направен во градина од рози. Таму гостите беа пуштени низ еден отвор, кој потоа драматично беше затворен и запечатен, пред да се отвори друг отвор – како сѐ да се случува во СФ филм.

За својата втора сезона, Кензо повторно ревијата ја организираше во истата градина.

Како и за неговата прва ревија – поставена пред кој било да го очекува вирусот – и сега дизајнеров не сакаше кој било да се почувствува непријатно. Оливеира Баптиста во своите креации сака да ја вдахне природата, со оглед дека неговото потекло е од раскошните предели на Азорските Острови. Тој сака во неговите дела да вгради складни и оптимистички идеи поврзани за зачувувањето на животната средина. Кога користи пластика, тоа е онаа што може да се рециклира и соработува со различни еколошки организации.

Сезонава, инспирација за неговата мода беше македонскиот филм Ханиленд, документарецот за пчеларката Атиџе кој стаса до номиација за „оскар“. Мотото на дизајнерот Оливеира Баптиста е реченицата на Атиџе: „Пола за мене, пола за вас“.

-Тоа е една од најстарите соработки помеѓу човекот и природата, рече дизајнерот ојаснувајќи дека човештвото мора да најде заеднички јазик со екосистемот. -Сакав да ја изразам фрагилноста на ситуацијата во која се наоѓаме, и желбата со оптимизам да гледаме на иднината враќајќи се кон минатото, вели Оливеира.

Публиката на неговата ревија беше почестена со тегли мед кои беа оставени на седиштата.

Еве дел од неговите дизајни за кои рече: „Не знаеме ни од што треба да се плашиме ни во што да веруваме. Целата идеја за заштитата станува апстрактна.“