ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ДО ПРВИ СЕПТЕМВРИ: Педесет компании со интерес за изградба на пречистителната станица на Вардар кај Трубарево

163

Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје. Наместо на 17 август 2020 година истиот истекува на 1 септември 2020 година во 12 часот по локално време. Од ЈП „Вововод и канализација“ – Скопје информираат дека до сега околу 50 компании појавија интерес за преземање на документите за аплицирање за изградба на Пречистителната станица на реката Вардар кај Трубарево.

– Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект Пречистителна станица – Скопје во вредност од 136 милиони евра, ЈП „Вововод и канализација“ – Скопје работи на реализација на истиот – информираат од ЈП „Вововод и канализација“ и ги повикуваат сите компании, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје.

– Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, како и во  Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација“. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат на wwtp-project@vodovodskopje.com.mk – појаснуваат од „ЈП „Водовод и канализација“.

Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата и критериумите наведени во Поканата, е 1 септември 2020 година до 12 часот (по локално време).

– Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 1 септември 2020 година, најдоцна до 14 септември 2020 одина до 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска – посочуваат од ЈП „Вововод и канализација“.