Приведени 20 странци кои нелегално работеле на градежни објекти

131

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и СВР Скопје приведоа 20 странски државјани што го злоупотребиле туристичкиот престој и во Скопје незаконски и непријавено извршувале работи на градежни објекти.

– Во централното градско подрачје, на градежен објект, лоциран меѓу улиците  „Јордан Мијалков“ и  „М.Х.Јасмин“, каде што изведувачи на градежни работи биле неколку правни лица, биле откриени единаесет државјани на Косово, по четворица државјани на Албанија и на Турција, како и еден државјанин на Иран, кои нелегално работеле на објектите – соопштија од МВР.

Лицата, странски државјани се приведени во полициските станици „Центар“ и „Кисела Вода“ за натамошна постапка.  Во консултација со Јавен обвинител, дополнително се преземаат активности за утврдување на одговорност на правните субјекти.