Премиерлигашки интерес за Асенсио

131

Англиските премиерлигаши Лестер, Лидс Јунајтед и Евертон, ќе се обидат до крајот на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на крилниот напаѓач од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Марко Асенсио. Сите три клуба се надеваат дека ќе обезбедат едногодишна позајмица на повремениот репрезентативец на Шпанија кој повеќе нема статус на стандарден првотимец и затоа ја разгледува и опцијата за промена на клупската средина.