Прекинато водоснабдување утре на дел од корисниците во Тафталиџе

83

Поради дефект во водоводната мрежа утре прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисници на ул. Варшавска, Хелсински, Ташкенска, Мексичка и Хаванска.

Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, дефектот е на ф80мм, на ул. Варшавска бр.8, а прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 08:30 часот.