Прекинато водоснабдување на улица „1“, пат за Батинци и на „Народен фронт“

114

Поради дефект на улица „1“, пат за Батинци – Марков Манастир, утрово од 7:30 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од оваа улица и околните фирми.

Како што информираат од кавното претпријатие „Водовод и Kанализација“, прекинот со водоснабдувањето ќе биде до санирање на дефектот.

Денеска, поради дефект на улица „Народен Фронт“, кај раскрсницата со улица „Франклин Рузвелт“, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улица „Народен Фронт“.

Прекинот ќе биде од 09:00 часот до санирање на дефектот.