Прекин на водоснабдувањето во Бутел

125

Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од улиците: „Призренска“, „Бутелска“, „Марко Крале“, „Мостарска“, „Галичник“ и „Пребондова“ во Општина Бутел, поради дефект на крстосницата на улицата „Призренска“ со улицата „Бутелска“.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување со санација на дефектот.