Прекин на водоснабдување на повеќе улици поради уличен дефект

31

Поради уличен дефект ф 700 мм на ул.Никола Парапунов бб (пред Центар за санитарна контрола на ЈП.Водовод и Канализација), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул:Разловечко Востание, Волгоградска, Соле Стојчев, Воденска и Вич.

Прекинот со водоснабдување, како што информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе биде од 12:00 часот до санирање на дефектот.