Предводник на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Илинден ќе биде Александар Николовски

523

Делегацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ што утре за Илинден, ќе го посети Мечкин Камен во Крушево, ќе биде предводена од подпретседателот на партијата, Александар Николовски, пренесува 360 степени.

Партиската делегација во Скопје ќе ја предводи потпретседателот Владо Мисајловски, а на Пелинце во меморијалниот центар „АСНОМ“, предводник на делегацијата ќе биде пратеникот Бране Петрушевски.

Партискиот лидер, Христијан Мицкоски, ќе биде присутен во струшкото село Ташмаруништа и таму ќе одржи говор, велат од партијата.